Post by Pajak on Oct 28, 2016 14:53:28 GMT
Доколку имате проблем со вашиот акаунт на сервер пријавете тука.
Име_Презиме на сервер(латиница):
Левел:
Кој е проблемот:
Слика или видео:
И задолжително е пишување кирилица!!
Име_Презиме на сервер(латиница):
Левел:
Кој е проблемот:
Слика или видео:
И задолжително е пишување кирилица!!
ЗАБРАНЕТО КОМЕНТИРАЊЕ ВО ТЕМИ ВО СУПОРТ
Доколку не сте спомнати во некоја тема во супорт а имате коментирано (очигледно за спам) добивате бан на форум без разлика дали сте дале некаква подршка или слично. Исто така доколку сте спомнати а не сте објасниле убаво него сте коментирале во темата нешто сосем без врска добивате бан на форум 7 дена. Нема никаква корист тој што ја поставува темата од вас што коментирате "Подршка!", "Да му се врати!", "Не треба да му се врати!"..... Воопшто нема никаква корист.
Во теми смеат да коментираат само:
Креатор на тема.
Обвинет во тема.
Доколку некој прави нешто со фотошоп или лаже дозволено е со докази да пријавите т.е коментирате.
Сите други што коментирале ке бидат банирани.
Не отварај теми за барање на модератор на некој борд освен за борд на организации/банди/мафии/агенции долколку сте лидер.
***ОВА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА***
» При регистрација на акаунт внесете ваша валидна имејл адреса бидејќи тој имејл е вистински власник на вашиот акаунт и само преку тој имејл ке може да си го повратите вашиот акаунт при негово губење.
» Заштитете го вашиот акаунт со јака лозинка (користете букви и бројки). Не заборавајте лозинката несмее да биде со SPACE и не ставајте повеќе од 10-12 букви, бројки и знаци.
» Не го давајте вашиот пасворд на никого ниту на администратор.
» Не прифаќајте никакви програми кој некој ви ги праќа со цел да имате предност во игра. Сето тоа е лага само да ви го пробијат акаунтот со keyloger и слично.
» Можат да ви кажат дека постој некој чит да фатите пари но не верувајте и не симнувајте бидејќи такво нешто не постој.
» Не верувајте на различни мејлови или страни лица кои не се овластени.
» Не подржуваме продавање/купување/размена на акаунти.
» Постојат голем број на сервери кои се куќни или пак се хостирани но тоа не е важно. Некој од тие сервери не ја енкриптираат вашата лозинка. Кога ке се регистрирате вие на таков сервер и ја пишете вашата лозинка тој што има пристап до акаунти кои се регистрирани може да ви ја дознае вашата лозинка. Чест случај е вие да ставите иста лозинка како што ви е на DW и можат да ви ја откријат со ваше регистрирање на таков сервер. Доколку се регистрирате на други сервери никогаш не ставајте иста лозинка.
Исто така вашата лозинка кај нас е 100% сигурна бидејќи е енкриптирана.
» Ние не одговараме за пробивање на вашиот акаунт.
» Не одговараме за исчезнување на ваши пари во игра или било каква друга имовина.
» Доколку сте неактивен одредено време имотот ке ви биде продаден и отстапен на други играчи.
» Донатори немаат никаква предност во овие наведени работи и кршење правила.